По нападот на американската амбасада во Либија, каде што беше убиен и американскиот амбасадор Кристофер Стивенс, Викиликс преку нивниот „твитер“ профил повторно го привлече вниманието на себе.
Овојпат тоа не беше некоја тајна порака, туку контроверзено мислење.
„Затоа што САД ја прифатија опсадата на еквадорската амбасада во Велика Британија, тоа им даде премолчено одобрување за другите амбасади низ светот“
Аналогијата на Викеликс со која ја изедначи опсадата на американската амбасада во Либија и полициската опсада на амбасадата во Британија, каде што свое прибежиште најде основачот на Викеликс, Џилијан Асанж, не му се допадна на никој, па имаше многубројни реакции.
По само половина час, постот беше избришан од профилот на Викиликс.