Викендот спасени најмалку илјада мигранти во Медитеранот

Од:

Најмалку илјада луѓе мигранти кои се обиделе да преминат преку Средоземното Море се спасени во текот на викендот, соопшти крајбрежната стража на Италија.

Хрватски брод кој е дел од патролата Тритон на ЕУ, спасил синоќа 671 лице меѓу кои 48 деца и 108 жени во пет одвоени операции. Претходниот ден италијански брод спасил 400 мигранти во близина на либискиот брег.

ОН соопштија дека за седум месеци од оваа година околу 224.000 мигранти и бегалци го преминале Средоземното Море на пат кон Европа, а повеќе од 2.000 ги загубиле животите или се исчезнати.

Речиси сите кои го преминале Средоземното Море во тој период пристигнале во Грција и Италија.

– Она што го имаме на праг на Европа е бегалска криза, изјави Вилијам Спиндлер од УНХЦР. Најголем дел од мигрантите се Сиријци (38 отсто), следуваат Еритрејци, Авганистанци, Нигеријци и Сомалијци.

Би можело да ве интересира

30.000 деца-мигранти годинава се обиделе да го преминат смртоносниот Панамски теснец

11 лица од Непал сакале илегално да влезат од Македонија во Грција – депортирани се

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море