Виганд: ЕК разгледува правни чекори против Унгарија за законот против ЛГБТ заедницата

Од:

Европската Комисија во моментов разгледува какви правни мерки може да преземе против одлуката на унгарската Влада да забрани “ЛГБТ содржини“, јави дописничката на МИА од Брисел.

Портпаролот за правда, Кристијан Виганд, попладнево потврди дека правните служби на Европската Комисија работат на случајот.

-Го разгледуваме законот и ќе оцениме дали го прекршува правото на ЕУ, слободата на изразување треба да биде заштитена и никој не смее да биде дискриминиран врз основа на сексуалната ориентација, изјави Виганд.

Унгарија донесе закон со кој се забранува „ширење на ЛГБТ пропаганда“ кај децата, во училиштата и медиумите, со овој закон им се забранува на лица со различна сексуална ориентација од хетеросексуалната да се појавуваат во програми или други медиуми наменети за лица под 18 годишна возраст.

Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, и еврокомесарката за правда, Хелена Дали, исто така реагираа преку Твитер да ја осудат одлуката на владата и потврдија дека се работи на преземање мерки против овој закон.

Би можело да ве интересира

Анкета: Рекорден број Американци се идентификуваат како ЛГБТК+

Сијарто: Новите санкции на ЕУ против Русија носат отстапки за Унгарија

Орбан: Торнадото на Трамп го промени светот, десницата е иднината

Орбан: Будимпешта нема проблем со „филозофијата на санкции“ кон Русија

Унгарија попушти, ЕУ ги продолжи санкциите кон Русија

Горан Наумовски

Унгарија: Најмалку 20 училишта евакуирани по закани за поставени бомби