Парламентот на Виетнам денеска за прв пат ќе мугласа доверба на премиерот Нгуен Тан Зунг, соопштија француските медиуми.
На крајот на ноември минатата година пратениците го одобрија воведувањето на задолжително годишно гласање доверба за виетнамското високо раководство, вклучувајќи ги и претседателот и премиерот, како сведоштво за засилената контрола врз извршната власт и за подобрување на имиџот на власта во оваа земја западната во тешка економска криза.
Се очекува резултатите од гласањето да бидат соопштени утре изутрина, но некои набљудувачи сметаат дека паламентарната процедурата е веќе предвреме решена, бидејќи ќе се гласа без дискусии за одлуките на Виетнамската комунистичка партија.
Гласањето доверба не може да се организира правилно, објасни поранешниот пратеник Нгуен Мин Тует, изразувајќи жалење заради недостигот на точна информација за предметот на гласањето.
Според државните медиуми оние кои две години по ред на гласањето ќе добијат под 50 проценти од гласовите ќе треба да ја солободат функцијата.
– Процедурата е премногусложена и бавна и нема да ја промени актуелната хиерархија, вели Тует. „Сите ќе добијат свој глас на доверба“, прогнозира тој.
Шеесет и три годишниот премиер, кому во 2011 година партијата муго довери вториот петгодишен мандат, е сметан за одговорен за економската криза, расширената корупција и за банкарскиот систем оптоварен со насобрани долгови, главно од големите државни претпријатија.