Неколку стотици полицајци ноќта меѓу 9 и 10 мај во градот Хо Ши Мин Сити упаднале во голема илегална коцкарница во градот Хо Ши Мин Сити во Виетнам. Веста денеска ја пренесуваат виетнамските медиуми кои додаваат дека коцкањето е забрането за локалното население, а во неколкуте легални коцкарници пристап имаат само странски државјани.
За да навлезат во големиот комплекс во кој се наоѓала коцкарницата полицајците ги оневозможиле безбедносните камери и педесетина чувари.
Во просториите на големата коцкарница, покрај карташки маси, имало и четири „арени’’ за борба на петлови, омилена, но забранета коцкарска игра во овој дел на Азија. На крајот на акцијата полицијата конфискувала четири сабји, 4.000 долари, над 125 милиони локална валута донги, 60 мобилни телефони и осумдесет мотори.