Виетнамка почина откако се самозапали во центарот на Хошимин, протестирајќи против изградбата на кинеска нафтена платформа во водите за кои претендира Ханој, јавуваат државните медиуми.
Жена, на 67-годишна возраст се самозапали денеска изутрина, соопшти локален државен весник.
Изградбата на кинеска нафтена платформа на 1 мај во Јужното Кинеско Море предизвика гнев во Виетнам, кој е во спор со Кина поради заемните тенденции за потенцијално богатите со нафта и гас води.
По акцијата на официјален Пекинг избувнаа и улични протести во Виетнам, кои резултираа со смрт на тројца Кинези и нанесување на штети на голем број бизниси во странска сопственост.