Виетнам се обидува да ги смири протестите и странските инвеститори

Од:

 Виетнамските власти од вчера комплетно го затворија пристапот на своите граѓани до социјалните мрежи, со цел да се намали влијанието на невладините организации за организирање нови антикинески протести. Вчера и премиерот Нгуен Тан Дунг преку националните мрежи до речиси сите корисници на мобилни телефони испрати порака со која бара граѓаните да не учествуваат во протести кои немаат дозвола за оддржување од бвластите.

Обидите на виетнамски власти за смирување на антикинеските протести, во кои загинаа две, а ранети се над 90 лица, се доведуваат во најтесна врска со иднината на стопанството на оваа држва, чиј развој во најголема мерка зависи од странските компании лоцирани во Виетнам. Во оваа држава, најчесто во организација и координација на моќните финансиски кругови од Сингапур и Тајван, работат стотици кинески, тајвански и јужнокерански компании. Меѓу нив се и брендовите како што се „Самсунг“, „Најк“ и „Адидас“.

Од друга страна стопанството на Виетнам, кое не го контролираат странските инвеститори, е во неповолна состојба, а лошо стојат и работите во банкарскиот сектор. Затоа, без оглед на интензитетот на територијалниот спор со Кина, околу сувереноста на водите на Јужното Кинеско Море, Виетнам се обидува да се спречи евентуалната ескалација на протестите против странските работници и странскиот капитал. Аналитичарите укажуваат дека ќе нема потешки последици по економијата ако Виетнам ги смири протестите, но ако те продолжат, перспективата на екномијата во Виетнам може да биде сосема лоша.

Би можело да ве интересира

Најмалку 24 лица загинаа во поплавите во Виетнам

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ

Најмалку осум лица загинаа, а 187 се повредени во налетот на супертајфунот Јаги во Виетнам

ВИДЕО: Во Виетнам има човек кој не спиел од 1962 година

Предраг Петровиќ

Најмалку 14 лица загинаа во пожар во станбена зграда во Ханој

(ВИДЕО) Десетици жртви во пожар во зграда во Виетнам: дете фрлено од прозорец за да се спаси

Катерина Ѓуровски