Виетнам се чувствува загрозен од идејата на Тајланд да ја користи водата од реката Меконг против сушата

Од:

Најавата на Тајланд дека за ублажување на последиците од долготрајната суша ќе користи вода од реката Меконг, предизвика загриженост во Виетнам. Идејата да се користат водите од Меконг за полнење на полупразните акумулации, од кои и главниот град Бангкок се снабдува со вода за пиење, минатата недела ја промовираше тајландскиот премиер Прајут Кан-ока, со образложение дека прогнозите на метеоролозите не даваат надеж дека проблемите со сушата ќе бидат надминати.

Виетнам, на чија територија со делтата на реката Меконг завршува текот на оваа река дола 4.350 клометри, ја споредува важноста на Меконг со значењето на Нил за Египет.

Покрај тоа што намалувањето на водостојот може да ја загрози стабилноста на речните брегови, намалувањето на дотокот на вода во делтата ќе предизвика и навлегување на солената морска вода, што е погубно за фармите со ориз и за производството на слатководни риби и ракови, од кои Виетнам остварува значајни приходи во националната еконоија.

Виетнам најави дека ќе побара помош и арбитража од институциите на АСЕАН и други меѓународни организации за да се спречи намерата на Тајланд.

Меконг е ајголемата река во регионот на Југоисточна Азија, седма на азискиот континент и 12 по големина во светот. Меконг извира во Кина, потоа врви низ Тибет, па ја сочинува границата меѓу Лаос и Мјанмар, а потоа меѓу Лаос и Тајланд. Реката потоа тече низ Камбоџа, а во Виетнам во импресивно голема делта се влива во Јужното Кинеско Море. На бреговите на реката се и три глани градови во регионот –Хо Ши Мин Сити, поранешен Сајгон,Пном Пен и Вијентијан.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Питон со часови давеше жена во Тајланд, полицијата шокираше од глетката

Предраг Петровиќ

Најмалку 24 лица загинаа во поплавите во Виетнам

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ

Најмалку осум лица загинаа, а 187 се повредени во налетот на супертајфунот Јаги во Виетнам

ВИДЕО: Во Виетнам има човек кој не спиел од 1962 година

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Мајмуни „окупираа“ тајландски град, властите почнаа лов