Властите во Виетнам се подготвуваат да евакуираат еден милион луѓе поради тајфунот Тембин, кој се очекува во текот на ноќта да достигне до областа во близина на реката Меконг во јужниот дел на земјата.
Тембин помина крај Филипините каде што загинаа повеќе од 230 лица, а беше причината значителна материјална штета. Бурата се приближува кон Виетнам со ветрови од речиси 100 километри на час.
Виетнамскиот комитет за катастрофи соопшти дека 74.000 лица од критичните подрачја се евакуирани на безбедно, додека локалните власти се подготвуваат да евакуираат повеќе од милион жители од провинциите.