Виетнам доби нов закон со кој се дозволува хемиски супстанци од домашно производство да можат да се користат за погубување на затворениците.
Европската унија го стопира извозот на хемиски супстанци кои се користат во смртоносните инјекции бидејќи смета дека смртната казна претставува кршење на човековите права.
Поради таа забрана Виетнам не може да ги изврши смртните пресуди од ноември 2011 година, кога земјата одлучи да се преориентира на погубување со стрелање.
Според стариот виетнамски закон погубувањето се извршуваше со три хемиски супстанци со одредено име, кои се произведуваат во ЕУ. Новиот закон, донесен неделава, не ги одредува имињата на хемиските супстанци, што значи дека тие можат се произведуваат и во земјата. Новиот закон ќе стапи во сила на 27 јуни.
Се претпоставува дека 530 затвореници ги чека смртна казна.