Две единаесетгодишни деца загинаа и шест се повредени во Виетнам, откако минофрлачки проектил од времето на војната, со кој си играле се активирал, јави ДПА.
Трагедијата се случи вчера напладне во округот Дак Мил во централниот дел на земјата. Децата, кои биле ученици од ист клас го откриле проектилот и почнале да си играат со него, пишува весникот „Туој Тре“, повикувајќи се на еден од преживеаните во експлозијата.
За време на војната во округот била сместена американска воена база и таму се уште се наоѓаат неактивирани експлозивни направи.