(ВИДЕО+ФОТО) Лекар тајно снимил 1.000 пациенти

Од:

Британскиот лекар Лам Хој Јо (62), со малезиско потекло, е осуден на 8 години затвор, бидејќи е откриено дека бил страствен воајер.

Тој со помош на 23 сокриени камери, во тек на три години ги снимил најинтимните моменти на своите колеги, пријатели и пациенти, односно на повеќе од 1.000 луѓе, меѓу кои и тригодишни деца.

Како што пренесуваат медиумите камерите ги ставал во пенкала, часовници, слушалки и мемориски картички, но доста често и во тоалети, со цел да има што подобри снимки за својата необична колекција.

Иако важел за угледен специјалист, неговата репутација нагло опаднала откако била откриена една од неговите камери, која паднала во еден од тоалетите во болница во Суриј.

Колегите ја откриле камерата и случајот го пријавиле во полиција, која објавила записи на кои се гледа како лекарот ги поставува своите шпионски средства.

kameraSaat

Истражителите истакнаа дека ќе им бидат потребни најмалку две години за да ги прегледаат сите снимки, кои ги поседувал овој лекар.

Целиот материјал се наоѓа на 17 компјутери, лаптопови со мемориски картички и хард дискови и брои повеќе од 1100 фотографии и снимки.

-Станува збор за софистицирана, организирана и долгоорчно планирана кампања на воајеризам. Вакво нешто до сега не е видено. Мета се колеги, пријатели, пациенти и нивните деца. Неговата намера била непристојна и злосторничка – вели обвинителот Питер Клемент.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он