ВИДЕО: Злоставување на затвореници во затворот Фиџи, го вознемири светот

Од:

На интернет се појавија шокантни видео снимки на злоставување, на луѓе облечени во цивилна облека, кои со стапови удараат затвореници врзани со лисици, пуштаат кучиња да ги гризат, а при тоа се смејат.

Се верува дека злоставувачите на снимките се припадници на војската или полицијата на Фиџи.

zarobenici

Амнести интернешнел и полицијата најавија темелна истрага за случајот, која ќе го расветлил случајот.

На снимката со застрашувачка содржина , се гледа како злоставуваат човек кој лежи во камион, додека друг полуоблечен го напаѓаат разлутени кужиња, а злоставувачите се смејат.

Според неофицијални извори злоставувачите се припадници на војската на Фиџи која ги казнува избеганите затвореници, додека други сметаат дека се работи за минатогодишниот инцидент кога се фатени петмина бегалци од затворот и дека луѓето на снимките се припадници на полицијата.

Полицискиот инспектор Атунаиса Сокомури изјавил дека полицијата на Фиџи наредила темелна истрага која треба да ги утврди околностите на инцидентот, додавајќи дека жртвите не се бегалци од затвор.

Организацијата за човекови права Амнести интернешнел исто така побара истрага за видео содржината и работи на тоа да ја открие веродостојноста и потеклото.

Извршниот директор на организацијата верува дека на снимките се припадници на војската,но инсистира и власта на Фиџи да спроведе истрага и да ја обелодени пред јавноста.

ВНИМАНИЕ: Видео снимката не се препорачува на чувствителни лица.


Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 6,5 степени во близина на Фиџи

Ана Ололовска

Фиџи воведе карантин откако по една година е регистриран прв случај на Ковид-19

Ана Ололовска

На островот Фиџи по 78 дена регистриран нов случај на Ковид-19

Ана Ололовска

Земјотрес со јачина од 8,1 степени го погоди Фиџи

Наум Локоски

Силен земјотрес го погоди островот Фиџи

Емир Латифовиќ

По циклонот Винстон, на Фиџи му се закануваат зика и денга

Ана Ололовска