Силен земјотрес го погоди островот Фиџи

Од:

Силен земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала, утрово, ја погоди областа кај островот Фиџи, соопшти американскиот Геолошки институт.

Според првичните извештаи, јачината на земјотресот била 7.2 степени, но подоцна истата е намалена на 6,9. Епицентарот бил на 284 километри југозападно од главниот град на Фиџи, Сувa, јави агенцијата Reuters.

После земјотресот издадено е предупредување за цунами, пренесува агенцијата AFP. Засега нема податоци за евентуални жртви или материјална штета.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 6,5 степени во близина на Фиџи

Ана Ололовска

Фиџи воведе карантин откако по една година е регистриран прв случај на Ковид-19

Ана Ололовска

На островот Фиџи по 78 дена регистриран нов случај на Ковид-19

Ана Ололовска

Земјотрес со јачина од 8,1 степени го погоди Фиџи

Наум Локоски

По циклонот Винстон, на Фиџи му се закануваат зика и денга

Ана Ололовска

Дваесет лица загинаа во налет на циклонот Винстон на Фиџи

Ана Ололовска