ВИДЕО: Жестоки тепачки меѓу приврзаници на Трамп и Бајден во Вашингтон, уапсени 20 лица

Од:

Жестоки судири избувнаа синоќа на улиците на Вашингтон, меѓу приврзаниците на актуелниот американски претседател, кои се собраа на голем митинг за поддршка на Доналд Трамп, и симпатизери на неговиот опонент, новоизбраниот шеф на државата Џо Бајден, јавуваат американските медиуми.

Во многуте забележани инциденти на улиците на американскиот главен град, во кои двете групи се тепаа со тупаници и палки и фрлаа камења едни на други, повредени се повеќе лица, едно лице е избодено со нож, а над дваесет се уапсени, соопшти полицијата.

Во судирите, кои избувнале откако толпата на приврзаници на Трамп се сретнале со контра-собири на левичарски симпатизери, запленети се и неколку парчиња огнено оружје.

Двајца од повредените се полицајци, соопшти полицијата во Вашингтон.

Би можело да ве интересира

„САД се ограбени, тоа нема да се повтори“ рече Трамп на средба со Мелони

А1он

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

ССМ најави протест на 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии