ВИДЕО: Жестоки реакции од Европа по објавата на Трамп за итен почеток на преговорите за мир ов Украина

Од:

Водечките европски сили – вклучувајќи ги Британија, Франција и Германија – рекоа дека мора да имаат место на преговарачката маса во какви било идни разговори за иднината на Украина. Заедничката изјава е објавена по вчерашната средба на министрите за надворешни работи на седум европски земји и на Европската комисија во Париз.

Целосното соопштение гласи:

„Ние сме подготвени дополнително да ја зајакнеме нашата поддршка за Украина. Остануваме посветени на нејзината независност, суверенитет и територијален интегритет наспроти руската агресија. Нашата цел е да продолжиме да ја поддржуваме Украина додека не се постигне праведен, сеопфатен и траен мир – мир кој ги гарантира интересите на Украина, но и нашите.

Со нетрпение очекуваме да работиме со нашите американски сојузници во планирањето на следните чекори. Нашата заедничка цел мора да биде зајакнување на позицијата на Украина. Украина и Европа мора да учествуваат во какви било преговори. Украина мора да добие силни безбедносни гаранции. Праведен и траен мир во Украина е клучен за безбедноста на целата трансатлантска област.

Потсетуваме дека безбедноста на европскиот континент е наша заедничка одговорност. Затоа работиме заедно на зајакнување на нашите одбранбени способности“.

Американскиот претседател Доналд Трамп најави итен почеток на мировните преговори меѓу Русија и Украина по, како што рече, „долгиот и многу продуктивен“ разговор со рускиот претседател Владимир Путин. Веста за договорот предизвика бурни реакции во меѓународната заедница, а најмногу ги шокираше европските сојузници на Украина.

Во објавата на својата социјална мрежа Truth Social, Трамп истакна дека за време на разговорот, кој траел час и половина, тој и Путин разговарале за Украина, Блискиот Исток и соработката во областа на вештачката интелигенција. Клучната точка на разговорите беше постигнувањето мировен договор за ставање крај на конфликтот во Украина, кој, според Трамп, веќе однесе милиони животи.

Откако Трамп разговараше со Путин, тој имаше телефонски разговор и со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Украинскиот лидер го опиша разговорот како „долг и значаен“, нагласувајќи ја подготвеноста на Украина да соработува.

„Украина сака мир повеќе од кој било. Ние дефинираме заеднички чекори со Америка за да ја запреме руската агресија и да обезбедиме траен, сигурен мир“, рече Зеленски. И покрај тоа што одржува дипломатски тон, тој јасно стави до знаење дека Украина нема да се откаже од своите клучни цели, вклучувајќи го и враќањето на териториите изгубени од 2014 година.

Би можело да ве интересира

Азаров: Трамп има овластувања да се пресмета со Зеленски

(ВИДЕО) Дијаз-Канел му одговори на Трамп: Куба е решена да се одбрани од секој обид за агресија

Горан Наумовски

Зеленски алармира: Русија сака преку евакуација на цивили да го отвори патот кон нови градови

Европа ги отфрли руските барања за мировните преговори за Украина

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Поранешен портпарол на украински премиер ранет во експлозија на автомобил во Москва

(ВИДЕО) Зеленски се надева на договор за прекин на огнот: Европски претставници ќе учествуваат во следната рунда преговори