ВИДЕО: Жестоки протести во Франција против „здравствената диктатура“ и против ковид пасошите

Од:

Илјадници луѓе денеска повторно протестираа ширум Франција против најавите на претседателот Емануел Макрон за проширување на употребата на здравствениот пасош, кој ќе биде усвоен в понеделник во Советот на министрите.

На собирите се појавија илјадници луѓе во големите градови во Франција, поддржани од личности од сите политички бои, Во Париз, имаше три различни протести, против вакцинацијата, „диктатурата“ и здравствениот пасош.

Првата поворка, составена од неколку илјади луѓе, тргна од Палатата Роајал пред да ја премине Сена со извици „Слобода“, „Не за здравствената диктатура“ или „Оставка на Макрон“. На чело на поворката беа Флоријан Филипо од Национален фронт, поранешната пратеничка од Републиката во марш, ковид скептикчката Мартин Вонер, пејачот Франсис Лалан и поранешната муза на Жолтите елеци Жаклин Моро.

Во исто време, околу 1.500 луѓе демонстрираа во јужниот дел од Париз. Тие носеа транспаренти – „Посакуваната Француска демократска Република, исчезна на 12 јули 2021 година“, „Не за здравствениот пасош, стоп за диктатурата“, како и „ Слобода“ и „Макрон диктатор “.

Во Перпињан, околу 1.200 лица демонстрираа извикувајќи „оставка од Макрон“ или „Слобода, слобода“, додека префектурата ги засилува мерките за спречување на ширење на Ковид-19 во департманот. Околу 400 луѓе се собраа пред префектурата пред да дефилираат во историскиот центар на каталонскиот град.

Повеќе луѓе носеа жолти sвезди на нивните маици и носеа пароли кои правеа паралела помеѓу ловот на Евреите и противниците на вакцините.

Во Лил, 2.000 луѓе се собраа на плоштадот Република. Според информациите од Радио Франс Блу Норд, споредбите со Втората светска војна биле многубројни во поворката.

Демонстрации се одржаа и во многу други градови во Франција. Околу 400 луѓе утрово учествуваа во протстниот марш во Кампер, 3000 луѓе во Стразбур, 1700 во Клермон-Феран, 2300 во Валенс (Дром). Демонстрации имаше и во По, Каен, Шамбери, Бордо, Екс-ан-Прованс, Нарбон, Антиб, Марсеј, Лион и Мец.

Би можело да ве интересира

Франција ги олеснува ограничувањата, маската повеќе не е задолжителна насекаде

Речиси 100 приведени на забранетиот протест на „Конвојот на слободата“ во Париз

ВИДЕО: Дел од конвојот демонстранти против вакцинацијата влезе во центарот на Париз, полицијата реагираше со солзавец

Франција воведува потврди за вакцинација, ќе важат во ресторани, кина, возови

Повеќе од половина милион здравствени пропусници денеска престануваат да важат во Франција

Во Франција 91.608 новозаразени со Ковид-19, најмногу за 24 часа од почетокот на пандемијата

Катерина Ѓуровски