ВИДЕО: Жесток судир на холандската полиција со демонстрантите против ковид мерките

Од:

Холандската полиција денеска со водени топови и гумени палки го растури протестот против локдаунот во центарот на Хаг, кој се одржува еден ден пред парламентарните избори во земјата.

Околу 2.000 луѓе изразија незадоволство поради владините мерки, носејќи транспаренти „Љубов и слобода, НЕ за диктатурата“ и фотографии од премиерот Марк Руте со натписи „Ако ја сакате Холандија, не гласајте за нив“.

Голем број полицајци беа распоредени во паркот каде се собраа демонстрантите. Пред почетокот на протестот полицијата предупреди на Твитер дека веќе е достигнат максималниот број учесници.

Веднаш по објавувањето на твитот, на местото на одржувањето на протестот пристигнале уште стотици луѓе.

Во Холандија на 23. јануари беше воведен полициски час со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, што предизвика масовни насилни протести во земјата.

Премиерот Марк Руте минатата недела истакна дека мерките мора да важат најмалку до 31. март поради континуирано големиот број на новозаразени, додавајќи дека исклучоци ќе бидат направени за да се гарантира изборите од 15. до 17. март да се одржат според планираното.

Би можело да ве интересира

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина

(ВИДЕО) Заложничка криза во бар во Холандија: Ослободени тројца заложници

Орце Костов

(ВИДЕО) Драма во Холандија: Луѓе заробени во кафуле, наредена итна евакуација

Судир меѓу полицијата и семејствата на исчезнатите во Ротердам: Уапсени двајца мажи