ВИДЕО: Земјите-членки на НАТО ги потпишаа пристапни протоколи за Шведска и Финска

Од:

Триесет сојузници на НАТО денеска го потпишаа пристапните протокол за Финска и Шведска со што е овозможено тие да и се придружат на Алијансата откако парламентите на земјите-членки ќе ја ратификуваат одлуката.

– Ова е добар ден а Финска и за Шведска и добар ден за НАТО. Ова навистина е историски момент, со 32 нации на маса ќе бидеме уште посилни, а нашите луѓе ќе бидат уште посигурни додека се соочуваме со најголемата безбедносна криза во изминатите децении, истакна генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Протоколот значи дека Финска и Шведска можат да учествуваат на состаноците на НАТО и да имаат поголем пристап до разузнавачките податоци, но нема да бидат заштитени со одбранбената клаузула на Алијансата дека нападот врз еден сојузник е напад врз сите, се до ратификација. процесот на ратификација може да потрае и до една година.

Би можело да ве интересира

Членовите на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТO во „контрола“ на касарната „Илинден“

Повеќе од 10 рачни гранати биле пронајдени во ранецот на 15-годишно момче во Малме

НАТО сака Украина да биде напредна суверена држава откако ќе се постигне мир

Мицкоски: Значително ја подобривме интероперабилноста на нашите вооружени сили со оние на другите сојузници

Министерот Муцунски на министерски состанок на НАТО во Брисел

А1он

Муцунски од Брисел: Мора повеќе да инвестираме во безбедноста