(ВИДЕО) Зеленски: Протерувањето на Русите од Змискиот остров е стратешка победа

Од:

Протерувањето на Русите од Змискиот Остров претставува стратешка победа што значително го ограничува дејствувањето на окупаторот, смета украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Руското Министерство за одбрана вчера соопшти дека се донело одлука за повлекување од Змискиот Остров како „знак на добра волја“, па потегот покажувал дека Русија не им пречи на напорите на Обединетите Нации да организираат хуманитарен коридор за извоз на пченица од Украина.

Од друга страна, Украина информираше дека ги избркала руските сили од островот со артилериски и ракетни напади, а Зеленски ја поздрави стратешката победа.

– Тоа сè уште не гарантира безбедност и не гарантира дека непријателот нема да се врати. Но, тоа значително го ограничува дејствувањето на окупаторот. Чекор по чекор, ќе ги истуркаме од нашето море, нашата земја и нашето небо, нагласи Зеленски во своето обраќање до јавноста.

Украинските сили го држат градот Лисичанск во регионот Луганск. „Градот беше гранатиран од руска артилерија од различни правци, а руската војска му се приближува од неколку страни“, изјави регионалниот гувернер на Луганск, Сергеј Хајдај за украинска телевизија.

– Супериорноста во огнената моќ на окупаторите сè уште е многу видлива. Едноставно, ги донесоа сите свои резерви за да нè нападнат, истакна Зеленски.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Цел на рускиот напад беа гасни објекти важни за снабдување на ЕУ

Зеленски најави кога очекува голема руска офанзива

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина