ВИДЕО: Зеленски изненаден од објавата на Трамп, но го прифаќа примирјето, се чека Путин

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека е изненаден од објавата на Донал Трамп за енергетско примирје, но дека го прифаќа. Соопшти дека украинските вооружени сили веќе ги добиле соодветните наредби во врска со најавата на американскиот претседател Доналд Трамп за енергетско примирје меѓу Русија и Украина.

Во новата, подолга порака објавена на Телеграм, Зеленски оцени дека најавата е добра вест, но нагласи дека е важно примирјето да се спроведе во практика.

„Денеска имаме изјава од претседателот на Соединетите Американски Држави дека е постигнато енергетско примирје. Ова е добра вест за сите, но важно е тоа да стане реалност. Украина ги поддржува сите вистински и сигурни форми на прекин на огнот и завршување на војната“, порача Зеленски.

Тој истакна дека Украина е подготвена да не ја напаѓа руската енергетска инфраструктура и изрази очекување дека Русија ќе покаже иста подготвеност, во согласност со договорот на претседателите на САД и Русија.

„И претходно понудивме бројни чекори за деескалација, но Путин на сите одговараше со ‘не’. Искрено се надеваме дека конечно ќе им каже нешто поинакво на Америка, Украина и на целиот свет. Нешто што не се однесува на убиства и измами, туку нешто што ќе доведе до вистински и достоинствен мир“, наведе украинскиот претседател.

Зеленски порача дека Украина сака мир, но дека останува отворено прашањето дали и Русија го сака тоа.

„Украинските вооружени сили ги добија сите соодветни наредби. Ја браниме Украина и се бориме за поддршка на Украина. Ги поддржуваме сите чекори на партнерите што можат да ни помогнат. Очекуваме јасни детали од американскиот дијалог со Русија и Путин да го исполни она што го кажа претседателот Трамп“, заклучи Зеленски.

Би можело да ве интересира

Ердоган разговараше со Зеленски: Турција е подготвена да стори сè што е во нејзина моќ за мир

А1он

Зеленски: Околу 280.000 домаќинства во Украина се без електрична енергија по нападот

А1он

Лавров: Ако Зеленски сака да се сретне со Путин, ќе мора да дојде во Москва

А1он

Зеленски: Во Турција ќе се одржат важни преговори за ставање крај на војната со Русија

А1он

ВИДЕО: „Фокс њуз“ праша еден човек зошто дошол на митингот на Трамп, одговорот стана хит

Таен обид за мировни преговори меѓу Русија, Украина и САД во 2023 : Путин прифатил дел од планот, Зеленски одбил територијални отстапки