(ВИДЕО) Зеленски испрати предупредување до Украинците: Бидете подготвени на се

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги предупреди граѓаните на неговата земја за продолжување на руските напади во преостанатите денови од 2022 година.

„Мораме да бидеме свесни дека нашиот непријател ќе се обиде да ни го направи ова време мрачно и тешко“, рече тој во своето секојдневно видео обраќање вчеравечер. Русија изгуби се што можеше да загуби оваа година, рече тој.

„Но, по ракетните напади врз нашата земја, врз нашиот енергетски сектор, се обидува да ги компензира своите загуби со лукавството на своите пропагандисти“.

„Знам дека темнината нема да не спречи да ги водиме окупаторите во нивните нови порази“, продолжи Зеленски. „Но, мора да бидеме подготвени за секое сценарио.

Зеленски упати остри зборови до руската армија, која во саботата со артилериски напади во Херсон на југот на земјата уби најмалку 16 лица, а рани уште 64.

„Ќе го најдеме секој убиец“, рече украинскиот лидер.

Киев смета дека политичките и воените лидери на Русија треба да бидат судени за војната пред меѓународен суд по моделот на судењата на нацистите во Нирнберг по Втората светска војна.

„Русија не сака преговори и се обидува да ја избегне одговорноста [за војната]“, напиша на Твитер Михаило Подољак, советник на украинскиот претседател. „Тоа е очигледно, така што одиме кон Трибуналот. „Русија сама ја нападна Украина и ги убива нејзините граѓани“, напиша понатаму Подољак. Нема други „страни, мотиви или геополитика“, додаде тој.

Путин во последните денови неколку пати посочи дека е подготвен за преговори, но не одговара на предусловите поставени од Киев. Додека Москва би преговарала врз основа на моменталната состојба на првите линии на фронтот, Киев прво бара целосно повлекување на руските трупи од Украина, вклучувајќи го и Крим, кој беше окупиран во 2014 година, како и компензација.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Руската армија го зазеде Угледар во самопрогласената ДНР

Мицкоски: Оваа зима ќе биде прилично предизвикувачка на енергетски план поради состојбата во Украина

ВИДЕО: Руска наведувана бомба погоди станбена зграда во Харков

(ВИДЕО) Огромна експлозија во Вовчанск: Русите ја фрлија најмоќната бомба

Путин оди на се или ништо: руската армија станува втора по големина во светот