(ВИДЕО) Запрени возови, блокирани рафинаерии, протести: Синдикатите против реформата на Макрон

Од:

Повеќето возови во Франција денеска беа запрени, блокирани се рафинериите за нафта, а намалено е производството на електрична енергија.

Синдикатите организираа штрајкови низ целата земја против намерата на претседателот Емануел Макрон да ги спроведе пензиските реформи.

Истражувањата на јавното мислење со недели покажуваат дека повеќето гласачи не ја поддржуваат реформата на Макрон, која, меѓу другите мерки, ја зголемува старосната граница за пензионирање за две години на 64 години, но владата нема намера да се откаже и тврди дека е од суштинско значење да се зачува пензискиот систем.

„Можам да разберам дека малку луѓе сакаат да работат уште две години, но тоа е неопходно за да се обезбеди одржливост на системот“, изјави премиерката Елизабет Борн за ТВ Франс 5.

Синдикатите најавија дека ќе го зголемат притисокот за да се обидат да ги убедат пратениците да не гласаат за реформите, додавајќи дека штрајковите, особено во рафинериите за нафта и во железницата, може да бидат продолжени за неколку дена.

Претставник на синдикатот CGT во компанијата „Тотал енерџи“ за Ројтерс изјави дека штрајкот во рафинеријата Гонфрвил во Нормандија е предвидено да трае до четврток, а во рафинеријата Донге во западна Франција ќе трае до петок.

Рафинеријата Гонфрвил е целосно блокирана.

Претставникот на ЦГТ во компанијата „Есо“ најави дека околу 50 отсто од вработените во прва смена штрајкуваат во рафинеријата Порт Жером, додека 90 отсто штрајкуваат во Фос и дека тоа влијае на преработката.

Огранокот на синдикатот CGT во Лион соопшти дека 90 отсто од вработените во хидроцентралата Кисе штрајкувале, машините биле стопирани и прекинато е производството на струја, пренесува ТВ БФМ.

Во истиот регион, околу 80 отсто од вработените во рафинеријата Фезен ја блокираа работата на фабриката.

Шефот на синдикатот ФО за радио РТЛ изјави дека нема да се откаже и дека е уверен дека „денес ќе изнесат повеќе од два милиони луѓе на улица“.

„Ќе продолжиме додека не се повлече реформата. Планирани се нови собири низ цела Франција откако повеќе од 1,27 милиони луѓе учествуваа на претходните протести на 31 јануари. Ајде заедно да ја запреме Франција“, се вели во заедничката изјава на водечките синдикати во земјата.

Би можело да ве интересира

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт