(ВИДЕО) Заменик-лидерот на Хамас загина во експлозија во Бејрут

Од:

Четири лица, меѓу кои и заменик-лидерот на Хамас, Салех ал-Арури, загинаа во експлозија во јужното предградие Дахија, Бејрут. Експлозијата се случила во близина на продавница за слатки.

Салех ал-Арури важеше за најважната фигура на Хамас во организацијата на терористичките напади против Израел на Западниот Брег.

Инаку, предградието Дахија е познато како упориште на либанската терористичка група Хезболах, изјавија безбедносни извори за Ројтерс.

Либанската државна новинска агенција вели дека експлозијата била напад на израелско беспилотно летало врз канцеларијата на Хамас во Либан.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: „Кревко примирје во кое многу работи можат да тргнат наопаку“

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Утре наутро почнува примирјето во Газа, израелската влада го ратификуваше договорот

Катерина Ѓуровски

Израел го потврди историскиот мир во Газа

Првите израелски заложници ќе бидат ослободени во недела, објави Нетанјаху

Кабинетот на Нетанјаху потврди дека Израел и Хамас потпишале договор за прекин на огнот

Израел: Хамас се предомислил за прекин на огнот во последен момент

Горан Наумовски