ВИДЕО: Заложничка драма во банка во Москва

Од:

Во филијала на „Алфа Банка““ во центарот на Москва непознато лице држи заложници, објавија локалните медиуми.

Според неофицијални извори, полицијата пристигнала на местото на инцидентот и во тек се преговори со напаѓачот.

Посетителот влегол во филијалата на трговската банка и почнал да се заканува дека ќе активира експлозив. Тој побарал вратите да бидат веднаш блокирани и присилно задржал неколкумина вработени, наведуваат руските медиуми, повикувајќи се на полициски извори.

Според РИА Новости, напаѓачот држи шестмина заложници.

Целата област околу банката е моментaлно блокирана.

Би можело да ве интересира

Москва: Киев не може да се согласи со обврските за решавање на конфликтот во Украина

Горан Наумовски

ВИДЕО: Експлодира лимузината на Путин

Спречен терористички напад во административни згради во Москва

Горан Наумовски

Руската полиција спречи голем терористички напад во Москва

Москва: Пресудата против Додик ќе има катастрофални последици за ситуацијата во Босна и Херцеговина и целиот регион

Моксва: Подготвени сме да продолжиме со испораките на алуминиум за САД