(ВИДЕО) Загина шефицата на американската издавачка куќа „Блумсбери“

Од:

Четириесет и петгодишната Адриен Вон загина во поморска несреќа во италијанските води во близина на Салерно. Taa беше шеф на американската филијала на големата издавачка куќа Блумсбери, најпозната по објавувањето на серијата Хари Потер.

Адриен Вон, која со сопругот и двете деца летуваше во Италија, загина кога глисерот што го изнајмила удри во едрилица долга 45 метри во која имаше 85 луѓе кои славеле свадба. Кога глисерот се судри со голема едрилица, Вон падна во морето и загина од ударот на пропелерот.

Нејзиниот сопруг, кој се здоби со повреди на екстремитетите, e префрлен во блиската болница заедно со две деца – дванаесетгодишно девојче и осумгодишно момче, кои не биле физички повредени, но биле во шок.

Засега не е јасно зошто глисерот со Вон и нејзиното семејство се судри со едрилицата. Италијанските обвинители во Салерно започнаа истрага за нејзината смрт и сослушаа сведоци. Глисерот го управувал триесетгодишен капетан кој при судирот здобил тешки повреди. Тестот на крвта му бил позитивен, но се уште не е познато дали бил под дејство на дрога или алкохол.

Адриен Вон работеше за Disney Books и Oxford University Press пред да се приклучи на издавачката куќа Bloomsbury во 2020 година како извршен уредник. Една година подоцна, таа беше промовирана во претседател на одборот, а беше и член на одборот на директори на Здружението на американски издавачи.

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

Загина пешак на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија