ВИДЕО: За Европа нема место во преговорите за Украина, Зеленски повика на формирање европска армија

Од:

Британскиот премиер Кир Стармер рече дека Европа мора да има поголема улога во НАТО и дека неговата земја ќе работи да ги задржи САД и Европа заедно и дека не треба да дозволат поделбите да ги одвлечат од „надворешните непријатели“, објави Би-Би-Си. Коментарот на Стармер дојде откако претставникот на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина на Минхенската безбедносна конференција претходно во саботата изјави дека Европа нема да има место на маса во мировните преговори за Украина.

Се очекува во наредните денови високи претставници од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да започнат мировни преговори со руски и украински преговарачи во Саудиска Арабија. Франција разговара со своите сојузници за можноста за одржување неформален состанок на европските лидери за Украина, а четворица европски дипломати изјавија дека средбата најверојатно ќе се одржи во понеделник.

Според Би-Би-Си, се очекува Стармер да присуствува на состанокот во Париз. „Европа мора да преземе поголема улога во НАТО додека работиме со САД за да ја обезбедиме иднината на Украина и да се спротивставиме на заканата од Русија“, рече Стармер.

Би-Би-Си, исто така, ја цитираше изјавата на Стармер дека Британија „ќе работи да ги задржи САД и Европа заедно“. Стармер додаде дека не можат да дозволат какви било поделби во алијансата да го одвлечат вниманието од надворешните непријатели. Според Би-Би-Си, Стармер, кој сака Киев да биде во центарот на преговорите за прекин на огнот, ќе разговара за ставовите на европските лидери кога ќе го посети Трамп во Вашингтон.

Трамп во петокот рече дека Стармер планира да ги посети САД во наредните недели и дека ќе се сретне со него.

Европа нема да има место на преговарачката маса за да се стави крај на војната во Украина, изјави главниот пратеник на Доналд Трамп за Украина, откако Вашингтон испрати прашалник до европските престолнини со прашање што можат да придонесат за безбедносните гаранции за Киев.

Sпоред најавите, американски претставници ќе одат во Саудиска Арабија на преговoрои за постигнување мир. САD објави дека е поканета и Украина, но претседателот Зеленски соопшти дека не добиле таква покана. Тој пак, на конференцијата во Минхен повика на формирање европаska армија, која како што рече ќе ги штити интересите на контиентот.

Би можело да ве интересира

Белата куќа тврди: Трамп има срце на хуманитарец и требаше да ја добие Нобеловата награда за мир

Горан Наумовски

Трамп: САД може да воведат дополнителни санкции против Русија

Трамп и се закани на Шпанија со исклучување од НАТО

Зеленски: Трамп заслужува Нобелова награда ако донесе мир во светот и украинскиот народ

Националната гарда маршира во Чикаго по наредба на Трамп

Трамп: Ја завршивме војната во Газа