ВИДЕО: Војници од Националната гарда ќе ги чуваат спомениците во САД

Од:

Стотици војници заедно со Националната гарда на САД се мобилизираа во главниот град на САД, Вашингтон Ди-Си со цел да ги заштитат спомен обележјата на историските личности на нацијата, пренесе Фокс Њуз.

Веста ја потврдија и припадници на Пентагон.

Секретарот за внатрешни работи во институцијата, Дејвид Бернхард побара реакција претходно оваа недела, бидејќи како што смета тој, демонстрантите имаат свој нов таргет, а тоа се спомениците во Вашингтон.

За Фокс Њуз, од Пентагон потврдија дека приближно 400 припадници на гардата кои се наоѓаат во главниот град се на готовс во секое време да излезат на улиците и да ги браната „националните херои“.

Доколку ситуацијата ескалира, единицата е подготвена да и помогне на полицијата во заштита на клучните споменици како би се спречило нивно уништување, рече Кристијан Митчел, портпаролот на Пентагон.

Секретарот за внатрешни работи додаде дека земјата „нема да се поклони пред анархистите“ и дека „ќе преовладува законот и редот и ќе се служи правдата“, што е иста порака и со она што го кажа предтедателот на САД, Доналд Трамп во изјавата за јавноста претходно оваа недела.

Трамп предупреди во вторникот дека секој што ќе биде фатен како ги вандализира спомениците или било кој друг федерален имот ќе биде законски гонет и ќе се соочи со затворска казна до 10 години согласно федералниот закон.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски