Воен авион кој леташе во чест на загинатиот пилот чиј авион се урна пред два дена, се урна и експлодира во станбен блок во либискиот град Тобрук.
Официјалните власти соопштија дека авионот имал технички проблем и се урнал во близина на парламентот во Тобрук.
Авионот му припаѓа на силите на генералот Калифа Хафтар, познати по тоа што се борат против исламските борци во источниот дел на Бенгази.