ВИДЕО: Водени топови и солзавец на улиците во Париз

Од:

Во близина на триумфалната капија во Париз попладнево избија судири помеѓу полицијата и учесниците на протестите.

Полицијата употреби солзавец и водени топови врз демонстрантите од кои дел носеа гас маски. Како што претходно јави „АП“, протестниот марш почна кај Триумфалната капија, а планирано е да заврши кај Луксембуршкиот парк, недалеку од зградата на францускиот Сенат.

Протести се случуваат и во други градови во земјата.

Движењето „Жолти елеци“ организираше 17. протест по ред, поради несогласувања со политиката на владата, која ја обвинуваат дека ги фаворизира богатите.

На протестите денеска учествуваа повеќе стотици луѓе.

Иако за овој викенд „Жолти елеци“ најавија поголем број на луѓе на улиците, тенденцијата на намалување на нивниот број продолжува.

Би можело да ве интересира

Нова истрага против Марин Ле Пен

Русија: Франција и Обединетото Кралство подготвуваат планови за воена интервенција во Украина

Франција на граѓаните им испраќа и „прирачник за преживување“ во случај на војна

Бела куќа: Апсолутно е невозможно САД да ја вратат Статуата на слободата во Франција

Став на Франција за царините на Трамп: Нашиот одговор може да оди чекор понатаму

Песков ја обвини Франција за лаги и кршење на договорите од Минск