ВИДЕО: Во САД за време на лет падна врата од авион, приземјени леталата Боинг 737

Од:

Патнички авион во Америка изгуби дел од трупот во воздух, поради што принудно слета во американската сојузна држава Орегон.

Боинг 737 Макс 9 на Алјаска ерлајнс се врати во Портланд 35 минути по полетувањето за Калифорнија. Надворешниот дел од трупот паднал, вклучувајќи го и прозорецот. Алјаска ерлајнс објави дека на летот имало 177 патници и членови на екипажот и дека авионот безбедно слетал.

Алјаска ерлајнс соопшти дека привремено ќе ги приземји сите 65 од своите авиони 737 Max 9 за истрага.

„Боинг“ соопшти дека е свесен за инцидентот и „работи на собирање повеќе информации“.

Извршниот директор на Алјаска ерлајнс, Бен Миникучи, рече дека сите приземјени авиони ќе бидат вратени во употреба само откако ќе бидат завршени целосните инспекции за одржување и безбедност. Тој ги пофали напорите на шесте членови на екипажот на летот кои достигнале речиси пет километри (4.876 метри) кога почнале со итно спуштање.

Фотографиите и видеата што ги објави Би-Би-Си покажуваат дупка во авионот низ која се гледа ноќното небо. Видливи се и изолационите материјали.

„Многу ми е жал за сето она што го доживеаја патниците на овој лет. Благодарен сум за одговорот на нашите пилоти и стјуардеси“, изјави Миникучи.

Во аудио клип објавен од Би-Би-Си, пилотот може да се слушне како разговара со контролата на летање за да побара пренасочување. „Би сакале да се спуштиме подолу ако е можно. Имаме итен случај. Притисокот ни опаѓа, мораме да се спуштиме, имаме 177 патници“, се слуша на снимката.

Според фотографиите, дупката се наоѓала во задната третина на авионот, зад крилото и моторот.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Британецот мора да плати 20.000 долари на „Јунајтед ерлајнс“ за пренасочување на летoт

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ