ВИДЕО: Во пукотница во Филаделфија ранети шестмина полицајци

Од:

Во пукотница во Филаделфија ранети се шест полицајци кои се обиделе да предадат налог за апсење на осомичен за распрoстранување наркотици.

Полицајците биле заглавени кратко време во објектот каде се случила пукотницата, но на местото на настанот синоќа веднаш биле повикани специјалци и ги ослободиле полицајците. Објектот до доцна синоќа беше под опсада и напаѓаот наводно давал отпор и се заканувал со постојани пукотници.

Повеќе објекти во соседството беа евакуирани и полицијата во Филделфија се уште ја расчистува ситуацијата. Оттаму изјавија дека полицајците не се наоѓаат во животна опасност.

Од Белата куќа изјавија дека ја набљудуваат ситуацијата. Претседателскиот кандидат Џо Бајден порача побрзо закрепнување на повредените полицајци.

-Ги испраќаме нашите молитви до полицајците и нивните роднини, изјавија од кампањата на Бајден.

На почетокот на август во САД се случија две трагични пукотници со многу жртви. Во масовната пукотница на 3 август во трговски центар на Волмарт во Ел Пасо, Тексас, загинаа 22 лица а триесетмина беа провредени. Слични пукотница во која загинаа девет лица се случи утредента во Дејтон, Охајо.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски