ВИДЕО: Во Париз спектакуларно дочекана Новата година

Од:

Неколку стотици илјади туристи и жители на Париз ја дочекаа новата 2015 година на Елисејските полиња, каде пристуствуваа на видео спектаклот кој можеше да се гледа на Триумфалната порта, пропратен со едноминутен огномет точно на полноќ, јавува дописникот на МИА од Париз.

Полноќниот огномет беше едно од предизборните ветувања на новата градоначалничка на Париз, Ани Идалго.

Градоначалничката на Париз на Елисејските полиња го пречека и претседателот Франсоа Оланд кој го посети штабот на безбедносните сили кои се грижеа за сигурноста на новогодишната ноќ.

Во Париз беа распоредени 6.500 полицајци и жандарми, од кои дури 1.700 беа само во секторот на Елисејските полиња, како и 2000 пожарникари спасувачи.

Присуството на големиот број на припадници на силите на редот не го спречи убиството на едно 17-годишно момче, кое беше смртоносно прободено во тепачката со нож на плоштадот Трокадеро. Осомничениот за смртоносниот убод, според париски Фигаро е уапсен и е притворен со обвинение за намерно убиство.

Новогодишната ноќ се претвори во кошмар во Арас, кога еден триесетгодишен маж ја уби својата поранешна девојка и две други лица, повредувајќи уште две други, кои ја слевеа новата година. Неговиот гест бил поради „љубовно разочарување“.

Засега нема други инфромации за инциденти во Франција, кога по обичај за новогодишната ноќ младите во предргадијата се забавуваа со опожарување на автомобили. Но. Миистерството за внатрешни работи одлучи од пред неколку години да не ги објавува бројките на опожарени автомобили, со цел да не ги потттикнува младите од различните предградија на „натпреваруавње“. Од Стразбур имаше информации за опожарени возила.

Во Алзас според информациите дадени од префектурата биле запленети околу два тона  забранети петарди и огнометни ракети, при контролите на граничните премини со Германија од страна на полицијата и жандармеријата.

Целта на одземањето на петардите и другите опасни пиротехнички средства е за да се избегнат тешките телесни повреди при несоодветната нивна употреба. Во 2013 и 2014 година тр лица ги изгубија животите и повеќе беа повредени.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз