(ВИДЕО) Во Германија: Полиција влезе во училишна зградата, учениците затворени во училниците

Од:

Во училишниот центар во Либек од засега непознати причини влегла тешко вооружена полиција.

„Полицијата сега влезе во зградата и го пребарува големиот училишен комплекс“, пишува германски „Билд“.

На децата им било кажано да останат во затворени училници.

„Во моментов во училишниот центар во Либек се одвива голема полициска акција. Ова е реакција на заканата“, изјавил портпаролот на полицијата, пренесува НДР.

Полицијата се уште не објавила информации што го предизвикало алармот во училиштето Емил-Посел, но ситуацијата се сфаќа многу сериозно, пишува Билд.

„Во моментов е на сила полициска акција во училишниот центар зад мене. Во училиштето има полициски сили. Заднината е дека утрово имало пријави кои укажуваат на закана. Според тоа, ние сме тука во голем број. Се е блокирано наоколу училишниот центар проверка на просториите“, вели германски полицаец во видеото објавено на мрежата Х.

Би можело да ве интересира

Политико: Германската крајна десница користи вештачка интелигенција за да освои гласови

„Билд“: Напад кај споменикот на Холокаустот во Берлин, едно лице е тешко повредено

Германија: Не смееме сега да згрешиме и да му направиме услуга на Путин

Катерина Ѓуровски

И Германија е подготвена да испрати мировни трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Објавена просечната плата во Германија за 2025 година