ВИДЕО: Во една ноќ убивме речи 100 луѓе во Газа и никому не му е грижа, вели израелски пратеник

Од:

Пратеникот на израелскиот парламент и претставник на радикалната десничарска ционистичка партија, Зви Суккот, неодамна во живо на телевизија изјави дека Израел убил повеќе од стотина жители на Газа во текот на ноќта и дека никому не му е грижа.

За време на дебатата на израелскиот Канал 12 со коментаторот Хаим Левинсон, Сукот изјави дека израелските безбедносни сили се способни да дејствуваат во повеќе сектори истовремено и да применат сила што не можеше да ја замисли кога беше формирана оваа влада пред повеќе од две години.

„Скоро 100 жители на Газа беа убиени минатата ноќ. А прашањето што штотуку ми го поставивте нема врска со Газа. Знаете ли зошто? Затоа што никој не се грижи. Сите веќе се навикнати на фактот дека можеме да убиеме 100 луѓе во Газа во една ноќ среде војна и никому не му е грижа“, рече Сукот, очигледно алудирајќи на фактот текот на војната би предзвилак бура и внатре во Израел и во светот, но сега минува без некоја значајна реакција, пренесува Тајмс оф Израел.

Би можело да ве интересира

Иранската телевизија објави „листа за отстрел“ на израелски функционери

Смрт и разурнување во Газа: Девет жртви, вклучително и деца

Израел врши притисок врз САД да го нападнат Иран

Замир: САД би можеле да го нападнат Иран за две недели

Нетанјаху предупредува: Антисемитизмот ја загрозува иднината на цивилизацијата

Нови израелски напади врз Газа: Убиени се членови на Хамас и Исламски џихад