ВИДЕО: Во болницата Ал Акса во Газа е “тотален масакр“, луѓето умираат чекајќи помош

Од:

Вработена во Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (OCHA) го опиша она што го видела во болницата Ал-Акса во Газа како сцена на „тотален масакр“ каде што луѓето умираат додека чекаат лекарска помош.

Џема Конел изјави за Би-Би-Си дека има многу повредени луѓе со „исклучително лоши рани, но кои не се лекуваат бидејќи има толку многу луѓе пред нив во редот за операција и болницата е апсолутно преоптоварена“.

„Трагично е, видов деветгодишно момче со катастрофална повреда на главата, кое почина“, рече Конел.

Израелската војска ги засили операциите против исламистичката група Хамас во Појасот Газа, откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за време на турнејата на силите во затворениот крајбрежен појас изјави дека Израел „ќе ја интензивира борбата во наредните денови“.

Според Министерството за здравство во Газа, кое е под контрола на Хамас, во израелската воена операција досега се убиени повеќе од 20.600 луѓе.

За време на израелската офанзива беа уништени големи делови од Газа.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нема мир во Газа ниту на празник, Израел ги продолжува нападите

Катерина Ѓуровски

Израелските воздухопловни сили нападнаа зграда во предградие на Бејрут

Кац: Без мир во северните погранични градови на Израел, нема да има мир во Бејрут

Ракети од Либан се истрелани кон Израел

Галант го повикува Израел да му даде приоритет на враќањето на заложниците

Хамас: Подготвени сме за сериозни преговори за ставање крај на војната во Газа