ВИДЕО: Во автомобил изгореа невеста и четири другарки

Од:

Нериза Фохас и нејзини четири колешки, медицински сестри загинаа откако се запали лимузината во која со уште четири другарки се возеа на прослава по повод моминска вечер на Фохас.

Несреќата се случила во саботата, на мостот „Сан Матео“ во Заливската област на Сан Франциско, откако на задното седиште на „линколнот“ од 1999 година избил пожар.

Возачот го сопрел автомобилот, по што тој и четири девојки успеале да побегнат, додека останатите патнички меѓу кои и идната невеста, останале заробени во пламените јазици.

Откако не можеле да ја отворат задната врата, се обиделе да се извлечат преку малиот прозорец во возачката кабина, но за само неколку секунди задниот дел на автомобилот потполно изгорел.

Триесет и едногодишната Нериза Фехас , болничарка во Општинскиот регионален медицински центар во Фресн, се омажила во САД, но организирала моминска вечер бидејќи со сопругот планирале да отпатуваат на Филипини и таму да ја репризираат свадбената церемонија.

Спасувачите ги нашле телата на петте девојки под прозорецот на автомобилот.

-Ова е една од најзастрашувачките глетки кои ги имам видено во својата 21- годишна кариера. Пронајдени се една преку друга, бидејќи очајнички се обидувале да излезат-изјави форензичарот Роберт Форкрлот.

Полицијата работи на утврдување на причините за пожарот.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Можно примерје ако Израел ги прифати условите на Хамас

А1он

Четири лица загинаа во ураганот што го погоди југот на Русија

Хашкиот суд издаде налог за апсење на Путин

Горан Наумовски

Принципи за мир – нова рамка за решавање на судирите низ светот

Ана Ололовска

ОН: Пет милиони деца починаа во 2021 година пред нивниот петти роденден

Ана Ололовска

Исчезнувањето на инсектите кои опрашуваат е причина за половина милион смртни случаи годишно

Ана Ололовска