(ВИДЕО) Уживаа во базенот на покривот од зградата, а потоа наеднаш бранови: Паника за време на земјотресот во Бангкок

Од:

На социјалните мрежи се појави драматично видео од базен на покривот во Бангкок, во моментот кога се случи разорниот земјотрес.

На видеото се гледа како луѓето уживаат во базенот на покривот на зградата. Двојка е на душек во вода, додека луѓето се околу нив на лежалки. Во еден момент сè почнува да се тресе – мирната вода во базенот се вознемирува и се формираат бранови, а луѓето брзаат да излезат од базенот.

Разорниот земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Мјанмар во петокот, а беше почувствуван и во Бангкок.

Најмалку 1.000 луѓе загинаа во Мјанмар и најмалку 10 во главниот град на Тајланд, додека спасувачите се обидуваат да ослободат повеќе од 100 луѓе за кои се верува дека се затрупани под градежни урнатини.

Би можело да ве интересира

Цензура или демократија: Хаос и критики во Франција поради интервју со Сергеј Лавров

Началник на израелската армија: Ни се заканува колапс на армијата

Ирански хакери провалија во е-поштата на шефот на ФБИ, објавија негови приватни фотографии

Почувствуван земјотрес во југоисточна Македонија, епицентарот во Грција

Земјотрес во Скопје

Катерина Ѓуровски

Франција e погодена од силен земјотрес

Горан Наумовски