(ВИДЕО) Ужас во Либија: Телата на жртвите оставени пред мртовечниците, бројот на загинати може да надмине 10.000

Од:

Над 5.000 луѓе загинаа, а 10.000 се водат како исчезнати откако обилните дождови во североисточна Либија предизвикаа уривање на две брани, испраќајќи повеќе вода во веќе поплавените области.

Тарик ал-Караз, претставник на владата, рече дека цели населби биле однесени и многу тела биле однесени од морето.

Тој додаде дека очекува бројот на загинати да се искачи над 10.000. Истиот број го спомена и Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина.

Тамер Рамадан, шеф на делегацијата на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина во Либија, рече дека бројот на загинати е огромен.

Во источниот град Дерна, кој претрпе најголемо уништување, дури 6.000 луѓе се уште се водат како исчезнати, изјави за либиската телевизија Алмасар Отман Абдулџалил, министер за здравство во источната администрација на Либија. Тој ја нарече ситуацијата „катастрофална“ кога го обиколи градот во понеделникот.

Болниците во Дерна не работат, а мртовечниците се полни, изјави Осама Али, портпарол на службата за брза помош.

Телата биле оставени пред мртовечниците на тротоарите, додаде тој за Си-Ен-Ен.

„Нема служби за итни случаи. Луѓето во моментов работат на собирање на телата“, рече Анас Баргати, лекар кој моментално волонтира во Дерна.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски