ВИДЕО: Успешно лансиран товарен вселенски брод на „СпејсИкс“

Од:

Товарниот брод „Карго Драгон“ на компанијата „СпејсИкс“ на Илон Маск, синоќа беше лансиран во орбита од стартна платформа на космодромот на НАСА на р’тот Канаверал на Флорида, соопшти Националната аеронаутичка и вселенска агенција на САД (НАСА).

„Карго Драгон“ треба да слета на Меѓународната вселенска станица (МВС) на 27 јули. Стартот на товарното летало до МВС е 18-то по ред во рамките на комерцијалниот договор помеѓу НАСА и „СпејсИкс“.

Бродот треба да изврши достава на МВС на околу 2,3 тони храна, опрема и материјали за научни експерименти. Дел од доставената техника е и космички биомедицински 3Д принтер разработен од американските компании „Текшот“ и „енСкрипт“. Принтерот ќе биде употребен за експерименти со 3Д печатење на срцеви влакна и органи.

Последен пат „Карго Драгон“ достави храна и друга опрема за експерименти на МВС на почетокот на мај. Тогаш на МВС беше донесен прибор за мерење на јаглеродниот диоксид во атмосферата на Земјата и испробана нова технологија на снопови на променливо рентгентско зрачење во Вселената.

„СпејсИкс“ е формирана во 2002 година од американскиот инженер и милијардер Илон Маск. Компанијата ги има разработено ракетите-носачи „Фалкон 1“, „Фалкон 9“ и „Фалкон Хеви“, како и вселенскиот товарен брод „Карго Драгон“. Ракетите-носачи се дизајнирани за повеќекратна употреба додека товарниот брод е специјално дизајниран за потребите на МКС. Компанијата исто така разработува и капсула за транспорт на астронаути во Вселената како и патничка верзија на вселенски брод.

Маск исто така е коосоновач на „Пејпал“ и производител на електрични автомобили „Тесла“.

Би можело да ве интересира

НАСА ги објави земјите кои би можеле да бидат погодени од најопасниот астероид во 2032 година

Драма во вселената: „Заглавената“ астронаутка заборави да оди

А1он

Астронаути се заглавени во вселената, НАСА вели: Можеби нема да се вратат до 2025 година

Горан Наумовски

ВИДЕО: Астронаут на НАСА го сними разорниот ураган од вселената

Катерина Ѓуровски

Кинеското вселенско летало слета на темната страна на Месечината

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он