ВИДЕО: Уругвајскиот претседател во текот на интервју дава пари на бездомник

Од:

Уругвајскиот претседател Хозе Мухика, кој важи за најскромен претседател во светот, е снимен како во текот на интервју дава пари на еден бездомник.

На записот се гледа како питачот приоѓа до претседателот и му бара монета, а тој со образложение дека нема ситни пари му дава 100 уругвајски пезоси.

Воодушевениот бездомник му вели засекогаш да биде претседател на што Мухика се насмевнува и му одговара дека е луд.

hoze-muhika-foto-rojters-1417699001-595986

Претседателот на Уругвај го нарекуваат „најсиромашен претседател на светот“ бидејќи користи само 10 проценти од својата плата, а останатото го дава за хуманитарни цели.

Од платата која изнесува 12.500 долари, тој задржува само 1.250.

hoze-muhika-foto-ap-1417699091-595987

-Задоволен сум од овој свој износ, бидејќи во Уругвај многумина живеат со многу помалку, вели Мухика, кој и својата сопруга ја замолил да го направи истото.

Уругвајкиот претседател и неговата сопруга живеат на фарма во Монтевидео, а негов најголем „удар“ врз државниот буџет било купувањето на автомобилот „буба“, која чини 1.945 долари.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Во Уругвај и Аргентина: 16 загинати во силно невреме

Поради сушата во Уругвај, милиони граѓани останаа без вода за пиење

Црногорците кои беа уапсени во Уругвај со 489 килограми кокаин добија притвор до 120 дена

Горан Наумовски

Црногорци во Уругвај се притворени поради шверц на кокаин

Уругвај: Уапсени четири лица по заплена на 6 тони кокаин

Ана Ололовска

Втор круг претседателски избори во Уругвај