(ВИДЕО) Ураганот Идалија ја опустоши Флорида, невреме како што не се памети во последните 100 години

Од:

Ураган од трета категорија, наречен Идалија, ја погоди Флорида и предизвика огромни штети. Локалните власти велат дека вакво невреме не ја погодило оваа американска држава во последните сто години.

Повеќе од 400.000 луѓе останаа без струја откако ураганот Идалија го зафати западниот брег на Флорида, пред да продолжи кон Џорџија. На видеата се гледа разорната моќ на природна катастрофа, уништени куќи, превртени автомобили, поплавени улици…

Како што јави Би-Би-Си, ветрот дувал со брзина од 200 километри на час, а претседателот на САД, Џо Бајден предупредил дека бурата и понатаму е многу опасна, иако ураганот по поместувањето е преквалификуван како тропска бура.

Засега нема информации за жртви, но „Би-Би-Си“ пренесува неофицијални информации дека двајца мажи загинале во судири предизвикани од намалената видливост поради силниот дожд.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД