(ВИДЕО) Украинка нападна руски војник: Вие сте окупатори

Од:

Руски војници влегле во украинскиот град Геническ, објави фотографот Алексеј Кириленко на Твитер.

На својот профил на Твитер тој објави видео од локална жена која им приоѓа на руските војници и жестоко ги критикува.

„Вие сте окупаторите, вие сте фашистите“, вели жената.

„Дојдовте на наша територија“, продолжува таа, додека рускиот војник најпрво и одговорил резигнирано.

„Госпоѓо, извинете…“, се слуша додека тонот на војникот не стана малку поостар додека жената сè поупорно го напаѓаше.

Видеото очигледно е направено без знаење на рускиот војник на кој наишла Украинката, бидејќи не му го снимала лицето. На снимката се гледаат само нозете на војникот со кој таа комуницирала, па се чини дека таа разговарала со него држејќи мобилен телефон во рака за да не знае дека таа го снима овој разговор.

Би можело да ве интересира

Пјаниќ им се извини на Русите: Тоа што ви го прават ФИФА и УЕФА е апсолутно погрешно

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

Руски дрон погоди станбена зграда во Херсон, пет минути пред да започне примирјето

А1он

Антируски наратив има и во Америка и во Европа

А1он

Московски суд го одби барањето на Американецот Дејвид Барнс да биде ослободен од руски затвор

А1он

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија