ВИДЕО: Украинците напредуваат кон стратешки важен град

Од:

Украинските војници напредуваа 1,5 километар длабоко во териториите окупирани од Русите во правец на Мелитопол, а украинскиот претседател Володимир Зеленски ја посети линијата на фронтот кај окупираниот град Бахмут.

„Како резултат на систематски притисок, одбранбените сили во правец на Таврија беа успешни и напредуваа 1,5 километар длабоко во окупираните територии во правец на Мелитопол“, изјави портпаролот на одбранбените сили Валериј Шершен објави Укринформ.

Володимир Зеленски ја посети линијата на фронтот во близина на окупираниот град Бахмут за да им додели одликувања на војниците, соопшти неговиот кабинет.

“Ако ги спасите своите животи, ќе ја спасите Украина“, им порача претседателот на војниците.

Командантот на украинските копнени сили Олександар Сирски го информирал Зеленски за ситуацијата на фронтот. Генералот претходно објави дека руски војници биле потиснати зад каналот југозападно од Бахмут, пренесува германската ДПА.

Би можело да ве интересира

Блумберг: Трамп го услови Зеленски со брз прекин на огнот за договорот за минерални суровини

Горан Наумовски

Зеленски ја истакна својата визија за прекин на огнот

Зеленски им се заблагодари на европските лидери за нивната поддршка на самитот во Брисел

Москва ја предупреди Европа: Испаќањето војска во Украина ќе значи дека НАТО е во војната

Трамп планира да депортира 240.000 Украинци

„Нема да има наметнат мир за Украина“, вели Шолц