ВИДЕО: Украина тврди дека уништила уште еден руски брод

Од:

Украинската Влада соопшти дека уништила уште еден руски брод, а Министерството за одбрана потврди дека нападот го извршила со дрон Бајрактар ​​ТБ2.

„Традиционалната парада на руската Црноморска флота на 9 мај оваа година ќе се одржи во близина на Змискиот остров, на дното на морето“, напиша на својот Твитер профил украинското Министерство за одбрана.

Да потсетиме, откако беше изложен на смртоносен пожар вечерта на 13 април, еден од најважните бродови на руската морнарица, крстосувачот „Москва“ следниот ден потона во Црното Море додека се влечеше до најблиското пристаниште Севастопол.

Пред руските медиуми да објават дека има пожар, а потоа и евакуација на екипажот на бродот, украинските сили потврдија дека го нападнале крстосувачот со противбродски ракети „Нептун“ од домашно производство.

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков