(ВИДЕО) Украина се подготвува за руски напад во Донбас, Зеленски: Инвазијата веќе пропадна

Од:

Украина се подготвува за нов руски напад во источниот регион Донбас, а Киев тврди дека контранападот на нејзината војска околу Харков е исклучително успешен.

Контролата на Донбас стана една од примарните цели на Москва – но западните разузнавачки служби предвидуваат дека руските воени напади ќе престанат поради големите загуби и жестокиот отпор.

„Се подготвуваме за нови обиди на Русија да го нападне Донбас со цел некако да ги интензивираме нашите движења на југот на Украина“, рече претседателот Володимир Зеленски во своето ноќно обраќање.

„Окупаторите сè уште не сакаат да признаат дека се во ќорсокак и дека нивната таканаречена „специјална операција“ веќе пропадна“, додаде тој.

Претседателскиот советник Олексеј Арестович за локалната телевизија изјави дека руските трупи се движат во правец на Донбас по повлекувањето од Харков.

Киевските трупи постигнаа толку голем напредок во северниот регион што речиси стигнаа до границата со Русија, изјави советникот во Министерството за внатрешни работи, Вадим Денисенко.

„Задачата на руските сили е да го окупираат Северодонецк“, рече Арестович. „Па, нешто не им оди“, додаде тој.

Северодонецк е најисточниот град кој сè уште го држи Украина, а неговиот пад ќе му овозможи на Кремљ де факто контрола над Луганск.

Би можело да ве интересира

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли