ВИДЕО: Убиени палестински новинари во Газа

Од:

Двајца палестински новинари се убиени во Газа. Во нападот на Израел погодена е зградата во која се наоѓа агенцијата AFP. Новинарите се наоѓале во своите автомовили. Израел потврди дека тие биле мета на нападите, тврдејќи дека биле поврзани со екстремистите.

Израелската војска потврди дека испалила ракети кон осумкатницата во квартот Римал во Газа, истакнувајќи дека мета бил седмиот кат, каде што наводно се наоѓа воено-известувачката служба на Хамас.

Израелската војска ги предупредила новинарите да се држат настрана од објектот на Хамас.

Државната секретарка на САД, Хилари Клиндон денеска ќе дојде во Каиро на разговор со претседателот на Египет, Мохамед Морси, по консултациите со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Би можело да ве интересира

Израел продолжува со нападите врз Појасот Газа, меѓу цивилните жртви има и деца

(ВИДЕО) Стотици Палестинци протестираа во Газа против Хамас: „Одбиваме да умреме“

Убиени се двајца новинари во Газа

Во израелските напади врз Газа загинаа 23 лица

(ВИДЕО) Израел нападна сириски воени аеродроми

(ВИДЕО) Израел призна: Пукавме во објект на Црвениот крст