(ВИДЕО) Израел призна: Пукавме во објект на Црвениот крст

Од:

Израелските одбранбени сили (ИДФ) признаа дека по грешка отвориле оган врз објект на Меѓународниот Црвен крст во Рафах во Појасот Газа, пишува „Jerusalem Post“.

Црвениот крст забележа дека нивната зграда била јасно означена и физички на терен и во претходното планирање со командантите на ИДФ.

Според признанието на ИДФ, војниците на теренот мислеле дека виделе сомнителни фигури во близина на зградата и се чувствувале загрозени.

ИДФ не прецизираше како и зошто се чувствуваат загрозени и, всушност, признаа дека војниците погрешно ја идентификувале ситуацијата, па веројатно е дека „сомнителните“ поединци на МКЦК не биле вооружени.

Понатаму, и покрај тоа што командата на ИДФ знаела дека објектот е означен како објект на Црвениот крст, портпаролот на ИДФ рече дека војниците на теренот, поради некоја причина, ги немаат овие информации.

Тоа значи дека или овие војници не ги побарале потребните информации за хуманитарните објекти или некои од нивните команданти не им ги дале овие информации, наведува „Jerusalem Post“.

Би можело да ве интересира

Израел ја крена во воздух тунелската мрежа на Хезболах, регистриран e и земјотрес

Горан Наумовски

„Политико“: Вашингтон молчи додека Британија и сојузниците воведуваат санкции за израелските доселеници

Лондон подготвува санкции за израелските населби, Трамп не се спротивстави

Четири лица загинаа, а 20 се ранети во израелски напади врз јужен Либан

Ескалација на Блискиот Исток: Израел со нови воздушни напади врз јужен Либан

САД: Нема план за протерување на Палестинците од Газа