(ВИДЕО) Убиецот од Турција го најави нападот: „Подгответе се. За неколку дена ќе има напад во ова училиште“

Од:

Вооружениот напаѓач Омер Кет објавуви заканувачки пораки на социјалните мрежи неколку дена пред да го изврши ужасното злосторство во средно училиште во Турција.

Омер Кет (19), кој влезе во средното стручно и техничко училиште „Ахмет Којунџу“ во населбата Сиверек во Шанлиурфа со пушка и отвори оган пред да си го одземе животот, a објави заканувачки пораки на социјалните мрежи неколку дена пред инцидентот.

Вооружениот напаѓач објави пред пукањето: „Подгответе се. За неколку дена ќе има напад во ова училиште“.

Телото на напаѓачот е извадено од училиштето и однесено во мртовечницата на Институтот за судска медицина во Шанлиурфа за обдукција. По извештаите од очевидци, на местото на настанот се испратени полициски и медицински екипи. Се дозна дека 16 лица, вклучувајќи ученици, се повредени, додека напаѓачот се криеше во училиштето. Кога осомничениот одби да се предаде и покрај предупредувањата од полицијата, во областа биле испратени и единици за специјални операции. Потоа тој изврши самоубиство.

Полицијата презела обемни безбедносни мерки на местото на настанот.

Во меѓувреме, се дознава дека некои од повредените ученици скокнале од прозорците за да избегаат од пукотниците, а безбедносните сили соопштија дека повеќето од учениците во училиштето се евакуирани.

Некои од повредените, чија состојба беше оценета како умерена, беа префрлени во болници во центарот на градот. Лекувањето на другите 12 повредени моментално продолжува во Државната болница Сиверек, објавува „Милиет“.

Мотивот за пукањето сè уште не е познат.

„Дејли меил“ објавува дека пукањата во училиштата во Турција се многу ретки.

Би можело да ве интересира

Турската полиција со солзавец упадна во седиштето на опозицијата

А1он

Две лица загинаа, четворица се тешко повредени во пукотница во Шпанија

Детали за пукањето во Турција – jа уби поранешната сопруга, пa следуваше крвав поход

А1он

(ВИДЕО) Најмалку четворица мртви и осум ранети во пукотници во Турција

А1он

Фидан: Израелскиот експанзионизам е клучниот безбедносен проблем во регионот

(ВИДЕО) Напаѓач отвори оган на плоштад во Ница – две лица се убиени

А1он