(ВИДЕО) Уапсени Срби кои ограбиле златарници и хотел во Милано

Од:

Во Милано полицијата уапси двајца државјани на Србија на возраст од 56 и 66 години, кои се осомничени дека се извршители на бројни кражби извршени во периодот од октомври до декември во златарници, хотели и луксузни продавници во модниот кварт со проценет плен од 450 илјади евра.

-Истрагите се започнати по кражбата на ланче од 123.000 евра од златарница, а истите лица од хотелот „Четири годишни времиња“ украле 10 шишиња вино во вкупна вредност од 200.000 евра – пренесуваат италијанските медиуми и додаваат:

– На почетокот на ноември двајцата заедно со трет соучесник извршиле уште една кражба во златарница во склоп на друг хотел од каде одзеле ланче од 100.000 евра.

Според нив, последниот напад бил кога било украдено шише шампањ „Дом Перињон“ вреден 3.200 евра.

Сторителите се идентификувани, а додека двајца се уапсени, а има потрага по уште две лица, но не се знае дали и тие се државјани на Србија, велат истражителите.

Би можело да ве интересира

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Питбул уби бебе во Италија – таткото го нашол детето во локва крв

А1он

Три случаи на фемицид во Италија за помалку од 48 часа

(ВИДЕО) Обезбедувач со голи раце совлада разбојник кој сакаше да ограби банка во Мостар

Силна експлозија во Холандија